ВЕСТИЕМИСИИПатот конТВ АЛСАТ

Адеми: Мора да седнеме сите партии за нашиот европски пат

Адеми: Мора да седнеме сите партии за нашиот европски пат

Вечерва во емисијата „Патот кон“ на Алсат М, гости беа Аријанит Хоџа, потпретседател на Движењето Беса, Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ и Миле Левков, пратеник на ВРМО-ДПМНЕ. Водителката Фатлуме Дервиши ја избра темата на разговор околу средбите на политичките лидери. Едната средба е насочена кон албанските лидери, за  изјавата на албанските партии потпишан во 2016 година, додека другата средба ја свика премиерот Ковачевски за евроинтеграции.

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, рече дека македонскиот блок изразил подготвеност за да се коригира “20 отсто”. Како што рече тој,  ДУИ го поздравува ова.

“Од македонскиот блок слушнавме дека не е проблем да се коригира математичката формулација од 20%, и дека всушност тоа е компромисно решение кога беше потпишан Охридскиот договор во 2001 година. И секако дека ги поздравуваме ваквите ставови од две главни партии“, рече потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.

Тој ја истакна важноста на темите поврзани со патот на евроинтеграциите и дека  сите политички партии треба  да седнат на маса без разлика на нивните ориентации./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button