МАКЕДОНИЈА

Адеми од ДУИ „опозициските бомби“ ги нарекува тенденција за дневна политика

Шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, поканет во  емисијата „Патот кон“ на Алсат,  опозициските бомби ги смета за тенденција за дневна политика. Но, наведува дека нема ништо против и дека доколку некоја опозициска партија поседува доволно докази и аргументи, да ги достави до надлежните органи, а не да прави шоу во медиумите, преку прес-конференции.

„Опозициските конференции ги гледам како тенденција за секојдневен протагонизам. ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот во локалната власт со значителен број општини и треба да се насочат да реализираат програми, а не за емисии пред телевизии и тие програми што им ги ветуваа на граѓаните, се отстранети од  електронските платформи, имам слушнато и тоа лесно може да се провери…, ми се чини како бледа копија од тие објави на бомбите што ги имавме претходно на нашата политичка сцена… Иако немам ништо против политичките партии кога имаат индиции, кога имаат одредени докази, да се обратат до надлежните институции за да добијат епилог“, изјави Арбр Адеми од ДУИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button