КОШАРКАСПОРТ

Адетокунбо ќе ги пропушти претстојните натпревари на Милвоки Бакс

Hајдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Адетокунбо ќе ги пропушти претстојните натпревари на Бакс поради повреда на скочниот зглоб, објави „ЕСПН“.

На НБА Ол-стар натпревар викендов, Адетокунбо беше на теренот само 20 секунди и постигна два поена. Грчкиот репрезентативец се повреди на мечот против Чикаго булс (112:100) на гостински терен одигран во петокот.

Оваа сезона 28-годишниот Јанис има просек од 31,8 поени, 12,2 скока и 5,4 асистенции за 33 минути игра./MИА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button