ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Администрацијата ќе се грее со елечиња, далечинското за климата во фиока кај шефот?

Владата одобри одлуката за заштеда на струја до 15 отсто во зимскиот период. На последната седница ги задолжи државните и јавните институции, а им препорача на домаќинствата и стопанствениците, да штедат струја поради енергетската криза што се очекува да следи во текот на претстојната зима.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, претставувајќи ги мерките, објасни дека државните институции се обврзани да ги исклучат украсните светла на фасадите и на спомениците, да не палат светло преку денот, кога е топло, климите да бидат ставени на 27 степени, а во грејна сезона не повеќе од 20. После работа, компјутерите треба да се гаснат, редовно да се менуваат филтрите на грејните уреди, да се печатат само неопходните документи, да се сменат старите прозорци со нови енергетско ефикасни и други мерки. Бектеши рече дека не се предвидуваат рестрикции на струја.

Мерките им се препорачуваат и на општинските институции во кои централната власт нема ингеренции да се меша. Мерките стапуваат во сила од 1 септември и ќе важат до 31 март. Од државните електрани пак, тврдат дека произведуваат доволно енергија за домаќинствата и ги зголемуваат производните капацитети.

ЕСМ планира да го зголеми производството за 20% од пред една година. Владата на следната седница ќе донесе одлука и за прогласување на енергетска криза.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button