ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Африм Гаши демантира дека имал средба со премиерот Заев

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши, ги демантира информациите дека денеска имал средба со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Гаши, за Алсат рече дека „немал средба со Зоран Заев, и дека информациите кои кружат низ порталите не се точни“.
Гаши во телефонски разговор призна дека свикал состанок на потесното раководство на партијата.

„Денеска имаме состаноци на тесното раководство, не на централното претседателство, но овие состаноци се чести и мислам дека не се за јавноста”, изјави Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

На прашањето што ќе биде темата на разговор во раководството, рече дека ќе се разговара за внатрепартиски прашања.

Од друга страна, Алсат дознава дека во последните денови во Алтернатива „врие“ од незадоволството предизвикано од лошите резултати на локалните избори. Според неофицијални информации, најголемото незадоволство доаѓа од преполовувањето на гласовите на Алтернатива во однос на последните парламентарни избори, особено во општините околу Скопје како и во Куманово и Липково. Од овие причини не е исклучена можноста да се разговара за прашањето за одговорноста. Од Алтернатива, пак, велат дека ставовите на партијата ќе бидат јавно објавени по внатрепартиските анализи.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button