ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер: Црната листа ќе биде објавена кога ќе завршат истрагите

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер очекува лица од земјава да се најдат на т.н. црна листа. Во интервју за „Телма“ таа кажа дека не постои само овој тип на санкции туку дека се повеќе, а во моментов траат истрагите. Агелер порача граѓаните да бидат трпеливи.

„Немам временска рамка, бидејќи Вашингтон ќе ги објави кога ќе бидат завршени истрагите и заклучоците. Тесно соработуваме во развојот на случаите. Моите очекувања се дека во претстојните месеци ќе видиме неколку имиња, но не знам која е точната временска рамка“, рече Агелер.

Агелер додаде дека откако стапила на функцијата кај неа биле пријавени голем број лица за кои се вели дека ги прекршиле регулативите. Сепак, како што истакна, луѓето треба повеќе да ги интересира зошто се тие лица ставени на листата.

„Ме прашуваат за листата, но ќе повторам, тоа не е само една листа, но таа исто така е можност за граѓаните да бидат помалку фокусирани на една листа, туку повеќе да бидат фокусирани на видовите на активности и акции поради кои е некој ставен на листата. Мислам дека ова е можност за правосудството сериозно да се погледне себеси, дали сте судија, обвинител или која и да е вашата улога, и да праша „дали си ја завршувам работата со интегритет“, додава Агелер.

Агелер рече дека постојат примери во општеството кои отвораат сомнеж, не само во Вашингтон, туку и кај домашната јавност. Инаку, неодамна во земјава присуствуваше и тим на санкции од Стејт департментот. Претседателот Пендаровски оцени дека тие престојувале во земјава токму за да работат на изготвувањето на „црната листа“.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button