Агенцијата за храна и ветеринарство пред велигденските празници уништи 1.740 килограми небезбедна храна
Агенцијата за храна и ветеринарство пред велигденските празници уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Агенцијата за храна и ветеринарство пред велигденските празници спроведе 617
вонредни контроли, при што уништи 1.740 килограми небезбедна храна, за што
изрече казни во износ од над 25 илјади евра. Кај пет оператори е утврдено
неправилност – нерегистрирање како оператори со храна во Агенцијата за храна,
додека кај уште осум оператори биле пронајдени производи кои биле неправилно
етикетирани.
„За утврдените несогласувања кај различните категории на оператори со
храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За ставање на
небезбедна храна на пазарот и за утврдени големи несогласувања, изречени
се 30 казни во вредност од 25.400 евра во денарска противвредност.
Уништени се 1.740 килограми небезбедна храна на безопасен начин“, велат од Агенција за храна и ветеринарство.
Исто така, при извршените контроли, Агенцијата за храна и ветеринарство кај
четири оператори утврдила неправилности – не биле извршени задолжителни
здравствени прегледи на вработените или имале здравствени книшки со истечен
рок. Кај 16 оператори, од контролите било констатирано дека хигиенските барања
за безбедност на храната и техничките услови во просториите биле
незадоволителни./Алсат.мк
Линда Ебиби