ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агенцијата за национална безбедност со екстра 3 милиони евра

Прекројувањето на држваната каса донесе дополнителни 3 милиони евра буџет за Агенцијата за национална безбедност. Сега тајната полиција има пари за конечно да купи простории и физички да се оддели од Министерството за внатрешни работи. Прашавме во Владата, кога може да се очекува АНБ да ја започне и да ја заврши селидбата во нови канцеларии? Не ни дадоа конкретен одговор. Само ни посочија дека преселбата била одложена поради објективни причини.

Влада

„Постапката за дислокација на Агенцијата за национална безбедност во новите простории трае подолго од планираното со оглед на потребата за пренамена на дел од финансиските средства за справување со последиците од КОВИД – 19.“

Директорот на Агенцијата, Виктор Димовски за Алсат посочи дека селењето треба да заврши брзо, но и тој не прецизираше кога конечно тајната полиција ќе се вдоми во просторот кој се наоѓа во близина на Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Парите се обезбедени. Се надеваме во најбрз можен рок да се купи просторот и Агенцијата да се премести во нови простории.“

Алсат уште лани пишуваше за селењето на поранешната УБК, која престана да постои, па наместо неа, за оваа функција беше формирана Агенцијата за национална безбедност. Лани летото, уверувањата беа дека до крајот на 2020 – та година може да се очекува селењето од МВР да заврши. Но, како што тврдат од Агенцијата, постапката заглавила поради предвремените парламентарни избори и формирањето нова влада. Корона-кризата лани скрати половина милион евра од буџетот на Агенцијата. Оваа институција беше формирана со расформирањето на УБК. Со Закон беше основана на 1 – ви септември 2019 – та година, во комбинација на неколку закони – Законот за АНБ, Законот за следење на електронските комуникации врз основа на која беше формирана и Оперативно техничката агенција и Законот за координација на разузнавачките и безбедносните служби.

Bojan Stojanoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button