ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети ја кани „Огнената група“ на средба пред утрешниот Генерален совет

Ахмети ја кани „Огнената група“ на средба пред утрешниот Генерален совет

Откако „Огнената група“ од ДУИ денеска не учествуваше на консултативната средба што ја свика Али Ахмети, лидерот на партијата ги повикал на состанок во Мала Речица. Средбите му претходат на утрешниот состанок на Генералниот совет на ДУИ на кој треба да се избираат највисоките партиски тела.
Извори од оваа група информираат дека причината за бојкотот на консултативната средба е незадоволството од прелиминарните средби и методот што го предложил Ахмети за имињата што ќе го сочинуваат тимот на партиски потпретседатели. Според изворите, имињата кои се споменуваат на последните средби се:

Имиња предложени од Али Ахмети

Фатон Ахмети, генерален секретар
Валдет Џафери, организационен секретар
Изет Меџити, потпретседател
Арта Биљали, потпретседателка
Арбер Адеми, потпретседател
Бајрам Реџепи, потпретседател
Бујар Османи, портпарол

Групата не се согласува со тимот бидејќи според нив, предложените имиња, со исклучок на Изет Меџити, се сметаат за луѓе блиски до вицепремиерот Артан Груби, додека одлучувањето ќе биде заложник на лидерот на партијата Ахмети и вицепремиерот Груби. Врз основа на овој состав, Меџити се вели дека ја разгледал опцијата за негово повлекување од предложената функција зашто останатите на листата се само алатки на Ахмети и Груби.

Исто така, Огнената група не се согласува со фактот дека на консултативните состаноци не се разговара и одлучува за иднината на партијата, туку повторно во игра се ставаат истрошени лица. Според незадоволните, простор треба да им се даде на личности со интегритет со кои ќе се носат внатрепартиските одлуки.

За утрешната средба на Генералниот совет, од партијата телефонски им се јавувале на учесниците за да го потврдат присуството. Од средбата треба да произлезат претседателството и партиските секретари. Потоа поширокото раководство би требало да се повлече во седиштето на ДУИ во Мала Речица и како што бара Огнената група, да се бара отчет од членовите на власта, на чело со вицепремиерот Артан Груби. Но, сè уште не е јасно утрешното присуство на членовите на оваа група.

Во меѓувреме, во текот на денешниот ден, членови на Генералниот совет и членови на разни ограноци како Студеничани, Батинци, Охрид, Струга, Врапчиште и други и се приклучија на Огнената група со исти барања и забелешки во однос на улогата на Артан Груби и празните партиски тела./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button