ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети не отркива кои позиции ќе се отстапат за Алијанса за Албанците

Разговори се одржуваат, но не за позиции. Ова е ставот на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, на прашањето дали Алијанса за Албанците е поканета да влезе во владата. Тој вели дека деталите се уште не се разговарани, и не кажува колку министерски позиции ќе остапи ДУИ за влез на новиот евентуален партнер.

„Сето ова не се случува за да се спаси владата. Сето ова не се случува за спас на ДУИ. Сето ова се случува за процеси, тие се важни процеси. Тие се процеси во кои сите ние мора да придонесеме. Членството во ЕУ е единствениот излез да се запре иселувањето на луѓето од државата, луѓето се иселуваат, како да ги спречиме и како да создадеме услови да ги вратиме оние што се во странство“, рече Ахмети.

Во текот на следните денови се очекува да се интензивираат средбите на владините коалициски партнери за евентуално проширување. СДСМ веќе ги ислуша позициите на партиите од предизборната коалиција како Демократскиот Сојуз, ДОМ, ЛДП итн. Павле Трајанов оценува дека принципот на правична етничка застапеност треба да се одрази и во составот на владиниот кабинет.

Алијанса за Албанците ќе формира преговарачка група која ќе има средби со партиите од власта. Во моментов се шпекулира дека оваа партија може да добие три позиции министри, заменици- министри и дирекции.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button