ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Ахмети пуши цигари во Зајаз, а Алијанса обезбедува кворум во Собранието“

Додека Али Ахмети пуши цигари во Зајаз, пратениците на Алијанса за Албанците ѝ обезбедуваат мнозинство на власта за кворум во Собранието. Ова е ставот на пратеникот на Движењето БЕСА, Фадил Зендели, кој вели дека Собранието е нефункционално, а решението се нови парламентарни избори.

„Она што често се перципира е дека претседателот на ДУИ Али Ахмети пуши цигари во одредено населено место, во конкретниот случај најверојатно во Зајаз, додека пратениците на Алијанса за Албанците треба да направат парламентарно мнозинство. Ова е чудна ситуација кога ќе ги земете предвид политичките околности што ги имаме овде, иако тоа е нивно автономно право да одлучуваат сами“, рече Зендели.

Но, од СДСМ уверуваат дека Собранието е функционално и оти Алијанса вчера овозможила да почне новата седница и да се изгласаат некои закони.

Од пратеничките група на ДУИ и Алијанса не коментираат за нефункционалноста на Собранието, но и за немањето пратеници од мнозинството за да си обезбедат кворум за работа.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button