ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Разговорите за проширување на владината коалиција не се теснопартиски

Разговорите за евентуален влез на Алијанса во владата не се поврзани со партиски интереси туку се однесуваат за поголем фокус на европскиот процес, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети запрашан за разговорите за влез на Алијанса во Владата и за тоа дали ДУИ е подготвена да се откаже од некои министерства.

„Ова нема врска со теснопартиските интереси туку се однесува на унифицирање на политичкиот фактор за поголема концентрација на европската интеграција. Г-динот Ковачевски е во разговори со претседателот на Алијанса. Сѐ уште не е разговарано за детали туку за европскиот процес за којшто е потребно единство и постојана координација“, рече Ахмети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button