ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети со повик до Огнените да се вратат на партискиот колосек

Во форма на остар ултиматум, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, ја повика таканаречената „огнена група“ да се врати на партиските колосеци, откажувајќи се од барањата. Повикот Ахмети го упати по средбата со граѓаните во Тетово, активности кои се организираат како одговор на средбите со граѓани на групата предводена од потпретседателот на партијата Изет Меџити.

„Мнозинството во Дуи оценуваат дека оваа група не е во право. И јас мислам дека моите соработници и пријатели немаат право и треба да се вратат во партиските институции“, рече Ахмети.

Меџити не го коментираше повикот на Ахмети. Но, јавно неколку пати повтори дека тој и групата не планираат да се повлечат ниту од барањата, ниту од партијата.

„Можеби некој ќе ни сака нова куќа, но ние не ја напуштаме нашата куќа. И да не избркаат од врата ќе влеземе низ прозор бидејќи не само дома туку и на улица кога сме ни велат „овој од ДУИ“, рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Оваа паралелна кампања меѓу двете групи на ДУИ на терен се очекува да продолжи. Партиите најавија и други средби во повеќе градови каде уживаат поддршка.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button