ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Судството треба да ја открие вистината за 27 април

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го поддржува повторното судење на 27 април. Ахмети го повтори ставот дека на 27 април немало терористички акт, туку насилство или напад врз пратеници, политички лидери и новинари. Тој го повика судството да го расчисти случјот со крвавото насилство во Собранието.

“Мислам дека овие настани се болни. Се примени насилство врз народните избраници, имаше бруталност, но немаше терористички акти. Се знае што се терористички акти и каква квалификација е терористички акт. Мислам дека судството треба да ја расчисти во целост целата ситуација затоа што е премногу комплицирана”, вели Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети додава дека настаните не биле неочекувани, но дали толпата била организирана или не, според него, тоа треба да го докажат истражните органи.

“Ова не беа неочекувани настани. Разговаравме во Собранието пред да се случат овие настани. Толпата беше еуфорична, организирана или самоорганизирана,  Ова мора да го утврди судството. Се надевам дека ќе имам конечен епилог“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ .

Лидерот на интегративците не беше присутен во крвавите настани од 27 април 2017 година, иако тогаш за првпат Албанец беше избран за претседател на Собранието.

.Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button