ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Во ДУИ ги разјаснивме сите разлики

По седницата на Централното претседателство на ДУИ, претседателот Али Ахмети, рече дека ги разјасниле сите работи и дека партијата е обединета и подготвена да се фоксуира на локалните избори и на пописот.

Целта на ова беше јавноста директно да види дека ДУИ е и ќе биде обединета и подобро организирана. Разговарано е за сите прашања. Јавноста е заинтересирана затоа што имало разни информации поради немање на средби и објаснувања. Сега сите работи се разјаснети и ги уверувам сите гласачи на ДУИ и сите Албанци и тие што не гласале за ДУИ, дека ДУИ е добро организирана сила и сноси одговорност 20 години по ред во оваа држава за многу важни процеси . Објаснети се сите разлики, не остана ништо без да се објасни, до последен атом. Затоа што пред нас има важни обврски, доаѓаат локалните избори и пописот„ рече Ахмети.

На новинарско прашање дали било побарано оставка од Груби, Ахмети рече дека не се разговарало за смени.

Не беше дискутирано воопшто за оставка, беше разговарано за принципи, за стратегија, за програма, за обврските кои не очекуваат како влада, но се разбира треба да дадат отчет и никогаш не сум побарал да се спречи поинаквото мислење, секогаш сум бил поборник, сум охрабрувал работите да се кажуваат отворено, забелешките да се прават отворено со цел секој да може да ја објасни работата што ја прави. Функционерите, се должни да прават и да даде отчет пред органите на партијата бидејќи партијата е таа која презема одговорност, таа која бара довербата од граѓаните“ рече Ахмети..

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button