ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети за приведувањето на Рамадани: Постапките произлегуваат од договорот за членство во Интрепол

Ахмети за приведувањето на Рамадани: Постапките произлегуваат од договорот за членство во Интрепол

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека апсењата и приведувањата на поранешните војници на Ослободителната војска на Косово по барање на Србија се засноваат на извршните решенија на земјите-членки. Прашан за апсењето и притворањето на поранешниот борец на ОВК, Блерим Рамадани пред два месеци во Македонија, Ахмети ги оправда постапките на домашната полиција со обврските кои произлегуваат од договорот за членство во Интерпол.
„Интерпол ги извршува одлуките донесени од земјите-членки. Македонија и Албанија се таму и имаат обврски да ги почитуваат одлуките на земјите-членки на Интерпол“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Решението за ова, според Ахмети, е Косово што поскоро да влезе во Интерпол, но не без претходен договор со ЕУ и САД.

„Ова е прашање што мора да се гледа заедно со меѓународната заедница за да се забрза патот на Косово кон членство во Интерпол. Без членство на Косово во оваа организација и без договор со меѓународниот фактор, ЕУ и САД, Србија ќе продолжи да ги држи под притисок сите војници на ОВК, сите активисти. На оваа работа треба да се гледа со голема сериозност“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

На 17 јули, полицијата во Македонија го уапси поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, врз основа на налог за апсење издаден од Судот во Белград, преку ИНТЕРПОЛ Србија. Најпрво му беше одредена мерка екстрадиционен притвор, а потоа куќен притвор. Кога Судот одлучуваше да го врати повторно во притвор, Рамадани побегнал од домашен и се вратил на Косово. Рамадани е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Северна Македонија врз основа на српска потерница. Претходно беа уапсени Гафур Дуголи и Томор Морина, но и тие со судска одлука беа ослободени./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button