ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

АХВ забрани увоз на пилешко месо од Бразил

Македонија забранува увоз на пилешко од Бразил поради птичји грип и на месо од мали преживари од Албанија, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов. Според него од минатата година до сега се уништени речиси 300 тони небезбедна храна, а од почетокот на годината уништени биле 56 тони храна од животнски и неживотинско потекло. Тој вели според овие податоци Македонија генерално  јаде безбедна храна.

Advertisements

„Никаде во светот не можеме да гарантираме дека јадеме безбедна храна, никој не може да го гарантира тоа, меѓутоа како директор на агенцијата можам да кажам дека граѓаните јадат  безбедна храна. Сега со напливот на температурите се зголемени и транзиот на туристи во туристичките места. Ние покрај редовните контроли кои што ги вршиме на терен вршиме и вондредни инспекциски контроли, нормално акцентот ќе биде и оваа година ставен на туристичките места“, рече Миланов.

Против лицата што управувале со небезбедната храна Миланов рече дека  изречени се 1.325 мерки, од кои 260 парични казни, а и поднесени прекршочни пријави. Инспекторите утврдиле и небезбедна минеларна вода од увоз, поради бактериолошка загаденост, како и утвредни остатоци од пестициди во зеленчук.

Но ги прашавме и граѓаните дали сметаат дека храната што ја јадеме во државава е безбедна.

„Негде има здраво меѓутоа повеќето 80% нездрава храна.“
„Повторно се враќа се преработува, во салами во такви производи, па ги јадеме тие, не се уништуваат“, велат граѓаните.

„Не е здраво ништо не јадеме здрава храна“…
„Исто се враќа назад, кај и да влезеш има расипана храна“, реагираат граѓаните.

Надлежните упатија апел до сите граѓани кои ќе наидат на небезбенда храна веднаш да ја пријават во агенцијата за храна и ветеринарство.

Ангел Димовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button