СПОРТФУДБАЛ

Aко му доведат две големи засилувања, Чави останува во Барселона

Чави можеби ќе остане на клупата на Барселона, ако му доведат две големи засилувања Раководството на Барселона се обидува на секој начин да го убеди тренерот Чави Хернандез да остане на клупата и следната сезона. Тој уште во јануари најави дека ќе се повлече на крајот од овој шампионат, но во тој период Барса бележеше послаби резултати.

Сега каталонскиот тим успеа да го победи ПСЖ (2-3) во Париз и има одлична шанса да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Чави можеби и ќе се премисли, но побарал од раководството да му доведе неколку квалитетни засилувања.

„Мундо Депортиво“ откри дека Чави има потреба од сериозни засилувања во средниот ред. Тој сака да биде доведен играч од светска класа како Џошуа Кимих од Баерн Минхен или Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, како и Бернардо Силва од Манчестер Сити.

Доколку Лапорта го увери дека може да обезбеди барем еден од нив на лето, тогаш се зголемува веројатноста Чави Хернандез да остане како тренер на Барса.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button