ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ако пак има поскапаувања, ќе се интервенира со нови антикризни мерки

Мерките за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи за одреден период кријат ризици – за евентуално зголемување на цените на овие прехранбени производи штом истече замрзнувањето на цените на крајот на април и мај. Надлежните велат дека овие мерки се преземени за да се постигне рамнотежа меѓу побарувачката и понудата, и граѓните да бидат поштедени од дополнителни трошоци. Вицепремиерот за економски прашања вели дека во земјава има економија со слободен пазар – тој ја остава можноста за поскапување според инпут од извозот, но вети дека граѓаните нема да го почувствуваат тоа, најавувајќи нови антикризни мерки.

Одлуките за замрзнување на цената на лебот, млечните производи, пецивата, јајцата и домашниот ориз дојдоа како резултат на непочитување на договорот за намалување на цената од 85 отсто од производителите и трговците дури и во тримесечниот период кога приватните компании добија субвенционирана струја. Битиќи апелираше до надлежните инспекторати покрај цената да го проверат квалитетот и квантитетот на производите.

„Ако оваа информација што ја кажувате, количината на леб е помала од предвидената и се продава по замрзната цена, го повикувам Пазарниот инспекторат да излезе и да ја санкционира оваа работа дека не е заснована на одлуката на Владата, која го штитат интересот на граѓанинот и бизнисот“, рече Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Инаку, одлуката за замрзнување на цената на белиот леб на 33 денари за 450 грама, замрзнувањето на тестото, млекото и дел од неговите производи продолжува до 31 мај. Во меѓувреме, последната одлука за замрзнување на цените на јајцата и на оризот продолжува само до 30 април. Надлежните се уште не излегле со анализа за евентуалното замрзнување на цените на овошјето, зеленчукот и месните производи, артикли за кои се зголемува потрошувачката за време на најголемите празници во земјава.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button