ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ако пандемијата продолжи и догодина, дополнителни шест илјади семејства ќе станат социјални случаи

Кризата предизвикана од ковид 19 втурна во сиромаштија нови пет илјади семејства во земјава. Вкупно 32 илјади семејства живеат од гарантирана минимална помош и месецот го поминуваат со помош од државата која месечно изнесува од четири до десет илјади денари во зависност од бројот на членови во семејството. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска најавува пораст на бројот на семејствата кои ќе влезат во зоната на сиромаштија, доколку панедемијата и натаму трае.

„Нашите очекувања се дека следната година, сега проекцијата е доколку би траела следната година пандемијата со ковид 19, дополнителни шест илјади семејства да влезат во системот“, рече министерката Шахпаска.

Панедемијата ги покажа слабостите на системот, на кои што треба да работиме во иднина и на што треба да целиме за да го зголемиме економскиот раст, се заклучоци на конференцијата посветена Социо -економските влијанија од ковид 19.

„Сега веќе една од научените лекции е дека во иднина дека треба да целиме кон темелни реформи. Нека бидат побавни, но да бидат темелни. Една од научените лекции е дека нас ни беше тешко економски да се преструктуираме“, рече Благица Петрески- Finance Think.

На конференцијата присуствуваше и преставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, која истакна дека во оваа криза никој не треба да биде изоставен особено ранливите категории на граѓани.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button