ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Ако сакате креативен свет, дозволете им на децата да си играат и да се изразат на свој начин

Креативноста е најважен ресурс во 21-виот век, а стручњаците го потврдуваат тоа. Сепак, таа потребна креативност е потисната од моќта и влијанието на модерната технологија. Информациите се движат брзо, но ги има премногу, а најчесто не ни успеваме да ги користиме на вистинскиот начин. Се таложат неважни информации, од сите страни – не само преку образовниот систем.

Децата најмногу страдаат од новиот модерен свет, тргнувајќи од фактот дека патот кон креативно битие е играта – онаа старовремската и незаменлива игра во чекор, трчање и скокање.

Низ игра детето го запознава светот. Низ игра детето се подготвува за возрасниот живот што му следи.

Токму затоа се препорачуваат што повеќе игри во природа, училиште или градинка. Токму затоа училишните предмети како физичко, музичко и ликовно образование се најважните предмети до 12 годишна возраст. Овие предмети му овозможуваат на детето поширока перспектива, простор за имагинација и фантазирање, а тоа е основата на креативниот ум.

Пораката кон сите родители би била: Ако сакате креативен свет, дозволете им на децата да си играат, поддржете ги нивните замисли, дозволете им да се изразат на свој начин и да фантазираат. Бидејќи вонредните нешта се раѓаат токму тогаш – во детството.

Извор: hybrid.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button