ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ако се следат протоколите нема потреба да се одложува пописот, проценува Владата

Здравствените протоколи се гаранција за безбеден попис, велат од Владата. Во врска со евентуалното одложување поради зголемувањето на бројот на новозаразени, според извршната власт, одлуките се носат врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и анализата на Централниот кризен штаб.

Дека сегашните протоколи за заштита при работа на пописот функционираат, според Министерството за правда, говори и фактот дека нема нови заразени по завршувањето на пописот во затворите. Почнувајќи од следната недела, Заводот за статистика ќе започне да прима податоци од „Мој термин“ за заразените лица и за оние во изолација. Ќе се најде начин и за нивно попишување.

Во меѓувреме, продолжува напорот за ангажирање на потребниот број попишувачи на терен.

Владата е задоволна од пописот на дијаспората. Досега се регистрирани над 82.000 граѓани, повеќето од Швајцарија, Германија и Италија. Според извршната власт, надминати се сите технички проблеми на системот за електронско попишување.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button