ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Активни 5.620 случаи со ковид-19, делта сојот и натаму доминантен во земјава

Надлежните и натаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава не е регистриран случај со омикрон сојот на ковид-19. Се уште доминантен е делта сојот, како кај нас, така и во дел од државите во регионот. Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 5.620 пациенти.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 433 случаи на Ковид-19 од направени 3.028 тестирања. Оздравени се 433 пациенти, а починати осум лица. Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 166, Прилеп 41, Битола 30, Кавадарци 22, Кочани 14, Куманово и Велес по 12, Тетово 8, Гевгелија 6, Неготино, Радовиш и Делчево по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод по 4, Струмица 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран по 1. Најмногу активни случаи има во Скопје, Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Куманово, Велес.

Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот, на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710. Вкупно има 5.620 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button