МАКЕДОНИЈА

Активни неколку пожари низ земјава, во гаснењето вклучена и војската

Сè уште се активни пожарите во кумановско, во струмичкиот, битолскиот, штипскиот и скопскиот регион, објавија утринава од Центарот за управување со кризи. Во гаснење на пожарите активно интервенираат пожарникарите, а во одредени делови во гаснење на пожарот вклучени се и припадниците на АРСМ.

Според состојбата со активни пожари до денеска до 9:30 часот, пожарот кој започна на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино во општина Старо Нагоричане е сè уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор и багрем на поголема површина.

„Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со две возила од ТППЕ Старо Нагоричане, четири пожарникари со едно возило од ТППЕ Куманово, четири пожарникари со едно возило од ТППЕ Ранковце, 11 лица од Куманово, три лица од месното население. Од утрото во гаснењето на пожарот бил вклучен и хеликоптер на АРСМ. Поради ветерот пожарот е проширен на поголема површина. Хеликоптерот дејствувал до 12 часот, и во попладневните часови. Со пожарот се зафатени и неколку стари куќи. Пожарот е сè уште активен. Што се однесува до пожарот во атар на селото Дренак, таму во повисокиот дел од селото со пожарот биле зафатени неколку стари напуштени куќи, опожарена е една црква и училиштето. Со пожарот е зафатена сува трева и ниска деградирана шума“, информираат од ЦУК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button