ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје – се служело алкохол на малолетници, обезбедувачи без лиценци

Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје – се служело алкохол на малолетници, обезбедувачи без лиценци

Полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат, ноќеска од 23 до 4 часот спровеле акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.

-При контролата затекнати се шест малолетници кои консумирале алкохол. Лицата се приведени, а против одговорното лице се преземаат мерки во содејство со Државниот пазарен инспекторат. Констатирани се и два прекршока по Законот за приватно обезбедување, за немање лиценца за лице ангажирано како обезбедување, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инспекторите констатирале и прекршоци во однос на неиздавање фискални сметки и прекршување на Законот за пушење.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button