ВЕСТИРЕГИОН

Актуелните предуслови за влез во Грција продолжени за уште една седмица

Предусловите и правилата за влез во Грција, односно задолжителен документ за Ковид-19, како и пополнет PLF формулар, кои меѓу другото, важат и за државјаните на Северна Македонија, продолжени се за уште една седмица, до следниот петок 24 септември 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Промени нема ни во однос на мерката за лицата кои патуваат со негативен тест, за нив и понатаму е задолжително тестирање при влезот во Грција, а за патување од Северна Македонија отворени се сите гранични премини.

Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“  што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а во 6 часот утрово стапи во сила, сите посетители „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“, исто како и во изминатите четири месеци имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите правила за патување кај јужниот сосед.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button