СПОРТ

Алаба и официјално претставен како играч на Реал Мадрид

Давид Алаба е официјално претставен како играч на Реал Мадрид, по неговиот трансфер од Баерн Минхен. Алаба беше претставен заедно со претседателот Фиорентино Перез, каде беше објавен неговиот нов број во дресот. Австрискиот дефанзивец ќе го носи бројот 4, кој во минатото го носеше Серхио Рамос. Претседателот Перез изрази задоволство од трансферот на Алаба, и истакна дека ќе ја има поддршката од сите навивачи на Реал Мадрид. Инаку, австрискиот дефанзивец, е првиот трансфер на Реал во летниот преоден рок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button