СПОРТФУДБАЛ

Аларм за Реал, Меси и Мбапе приредија вистинско шоу

Лионел Меси и Килијан Мбапе приредија спектакл на „Паркот на принцовите“, кога Пари Сен Жермен постигна лесна победа против Сент Етјен со резултат 3:1.

Буанга ги доведе гостите во водство во 16. минута. Лионел Меси имаше брилијантна асистенција во 42. минута, кога Килијан Мбапе ја испрати топката во мрежата за 1:1. Истата комбинација беше на сцена во 47. минута. Повторно на асистенција на Меси, Килиан Мбапе погоди за 2-1. Асистенцијата на овој меч запиша  и Мбапе, кога во 52. минута му асистираше  на Данило, кој со глава ја испрати топката во мрежата за 3-1.

ПСЖ веќе оди на 62 бода за првата позиција во Лига 1, додека Сент Етјен останува со 22 бода на 16-та позиција. Играта и головит против Сент Етиен, се аларм за тимот на Реал Мадрид, пред реванш средбата  од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Французите по првиот меч уживаат во минимална предност пред натпреварот во Мадрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button