СПОРТ

Албанија ги започна подготовките, Силвињо: Да дадеме се од себе за бод

Албанија ги започна подготовките, Силвињо: Да дадеме се од себе за бод

Селекторот на албанската репрезентација Силвио Мендез пред неколку дена го објави списокот на играчи собрани за натпреварот против Полска, а денеска се појави пред новинарите, со црвено-црниот дрес. Тренерот од Бразил ќе дебитира на клупата на Албанија на 27 март, против Полска, кога црвено-црните репрезентативци ги почнуваат квалификациите за „ЕВРО 2024“. Селекторот Силвио Мендез се надева дека авантурата како селектор на Албанија ќе ја започне со позитивен резултат, додека главната цел е да се создаде група фудбалери кои ќе дадат максимум за националниот тим.

„Пред се, велам дека е чест да се биде овде како селектор на албанската репрезентација. Сакам да се заблагодарам на федерацијата што ми дозволи мене и на мојот стручен тим да патуваме во Европа и во странство, да ги посетиме играчите, да ги гледаме нивните натпревари. Тоа се два месеци интензивна работа, повеќе од 240 гледани натпревари. Зборуваме за скенирани 60-70 играчи, потоа многу работа за да дојдеме до 23-те играчи што ги повикав за следниот натпревар. Полска е силна, важна репрезентација која е навикната да игра на СП или ЕП. Таму ќе одиме со голема желба, да дадеме максимум и зошто да не, да освоиме бодови. Најважно е да имаме групен дух, да го дадеме максимумот за репрезентацијата“, рече  Силвио Мендеш (Силвињо), селектор на Албанија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button