СПОРТФУДБАЛ

Албанија се подготвува за ноемвриските натпревари

Селекторот на албанската репрезентација, Еди Реја, по објавување на  списокот од 24 играчи за последните квалификации за СП „Катар 2022“ ги образложи и оправда отсуствата на Реј Манај и Иван Балиу. Италијанскиот стратег истакна дека неговиот тим ќе го даде максимумот и покрај минималните шанси за пласман, притоа уште еднаш потенцирајќи дека Џака сам ја напуштил репрезентацијата. Албанија денеска започнува со тренинзи на тренинг комплексот во Драч, а на 12 ноември на стадионот „Вембли“ ќе се соочи со Англија, а на 15 ноември игра против Андора  во последниот квалификациски натпревар за СП „Катар 2022“.

„Ќе одиме на Вембли да го дадеме максимумот и да извлечеме максимумот од овој натпревар. Се разбира, ова е нашата главна цел. Во овие два преостанати натпревари да играме што е можно подобро. Секако поразот на домашен терен од Полска ги намали нашите надежи за пласман во плеј-офот во овие квалификации. Но, математички уште сме во игра, се додека математиката  ни дозволува и ние ќе се надеваме до крај. Не очекува тежок натпревар против силна репрезентација каква што е Англија. Но, ние ќе одиме и ќе го дадеме максимумот“, рече Реја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button