РЕГИОН

Албанија: СП го достави до Претседателството дописот со предлог Еди Рама да биде премиер

Во Албанија, Социјалистичката партија го достави до Претседателството дописот со предлог Еди Рама да биде премиер. Врз основа на членот 96 од Уставот, се утврдува дека претседателот го именува премиерот на предлог на партијата или коалицијата на партии што има мнозинство места во Собранието. Со мандатот на премиерот од  претседателот, премиерот ја доставува политичката програма на Советот на министри заедно со неговиот состав до Собранието за одобрување во рок од 10 дена. Иако премиерот е тој што ги назначува министрите со указ, последниот збор го кажува шефот на државата кој во минатото не сакаше да издаде укази, што го означи почетокот на големиот судир со Социјалистичката партија која го предложи и го донесе Илир Мета на претседателската функција. Пред два дена, Еди Рама ја претстави новата влада со која ќе ја води земјата во следните четири години. Претседателот Илир Мета го направи својот прв чекор во согласност со уставното барање да свика ново Собрание на 10 септември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button