РЕГИОН

Албанија, списоците со платите на 600.000 лица протекле од даночната управа?

Албанските медиуми јавуваат дека можеби документите со личните примања на околу 600.000 граѓани протекле од една од институциите чии сервери се запленети, а тоа е Управата за даноци. Според истрагата, многу е мала веројатноста да се случил хакерски напад. Пред три дена беа објавени податоците за платите од јануари 2021 година, а пред два дена беа објавени и други податоци за месец април. На социјалните мрежи протекоа и многу лични телефонски броеви и регистарски таблички на возила. На информативен разговор во полиција беа повикани десетици вработени во разни државни институции.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button