Албанска опозиција: Со одлука на Груби коцкањето ќе влезе во нашите домови
Албанската опозиција се противи на владината одлука за основање на три нови коцкарски компании. Тројцата лидери Билал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити велат дека власта наместо да го ограничи пристапот до коцкањето, со новите решенија овозможува онлајн коцкање. Прстот го вперуваат кон првиот вицепремиер, кој според нив е директно поврзан со коцкарскиот бизнис.
„Овие казино компании, кои ќе бидат претежно државни, ќе овозможат онлајн коцкање на вашите телефони, таблети и домашни компјутери. Коцкањето ќе влезе во нашите домови. Ако до сега требаше да одите во казино, по овие одлуки на Артан Груби и Владата, казиното ќе дојде во вашите домови само со неколку кликови онлајн. Ние од обединетата албанска опозиција силно се спротивставуваме на ова ширење на инфекција од казината, на секоја улица, сега дури и на интернет. Ќе се бориме со овој феномен. Зад овие бизниси и одлуки стои ДУИ, стои Артан Груби“, рече Меџити.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оваа владина одлука го отвора патот за партнерство со озлогласениот коцкарски бизнис во Бугарија.
Формирањето на управните одбори на акционерски друштва и демонополизацијата на онлајн коцкањето ќе ја чини државата најмалку 160 милиони евра, кои како обештетување со арбитража ќе мора да и ги плати на компанијата „Австрија казино“. Ова е како резултат на едностраното раскинување на договорот од страна на Државната лотарија. Прашањето е отворено и на политичко ниво, почнувајќи од австрискиот претседател, австрискиот амбасадор амбасадор и новиот заменик-амбасадор на ЕУ во Скопје.
Во меѓувреме, законот со кој треба да се дисцлоцираат казината кои се неколку километри од училиштата и градинките се уште не е одобрен иако со години е во собраниска процедура.
Фатлуме Дервиши