ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција бара да продолжи рокот за попис на населението

Само албанската опозиција Алијанса за Албанците – Алтернатива бара продолжување на рокот за попис на населението. Од коалицијата велат дека таква е потребата за успешно да се заврши пописот на населението, домаќинствата и живеалиштата. Албанската опозиција се сомнева дека власта се спрема да го фалсификува резултатот.

„Пред два дена побаравме продолжување од 10 дена и повторно министерот за правда, Бојан Маричиќ, јавно ја одби таквата можност. Ова само ги потврдува нашите најави дека актуелната влада подготвува фалсификување на резултатот од пописот“, велат од АА-Алтернатива.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека по изборите ќе бараат отчетност и одговорност за неспособноста на Владата да го заврши процесот.

„Ќе се занимаваме со пописот и ситуацијата во која е сега по изборите кога ќе бараме отчетност и одговорност од власта. Кој е приоритетот, седница за одговорност за 14-те жртви во Тетово или седница на која ќе биде опфатена неспособноста на власта?“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев, не сакајќи да ги коментира доцнењата во процесот, индиректно за евентуалниот неуспех на процесот ги обвини луѓето кои одбиле да се регистрираат. Според него, за ова ќе следуваат санкции.

„Прашањата што се поставуваат се однесуваат на етничката припадност, верата, начинот на одење и враќање од работа итн. Сите тие прашања или еден процент ако останаа не попишани би биле од две причини. Прво луѓе кој што одбиваат да се попишат и тие треба да бидат санкционирани“, рече Заев.

ДУИ вели дека е подготвена да го измени и дополни Законот за попис додека постои таква иницијатива.

„Зависи од проценката на Заводот за статистика. Ако проценат дека уште неколку дена ќе го завршат пописот како многу важен процес за нашата земја, ние ќе обезбедиме поддршка“, наведоа од ДУИ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери пред неколку дена изјави дека во случај да се побара продолжување на роковите за пописот, Собранието може да свика итна седница. Пописот беше закажан за април оваа година, но беше одложен за 5 септември на барање на опозицијата поради околностите на пандемијата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button