ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција и Владата се договорија за законот за државјанство

Постигнат е договор за новиот предлог-закон за државјанство меѓу албанската опозиција Алијанса – Алтернатива и Владата. Од Алијансата за Албанците велат дека се прифатени сите предложени одредби во текстот доставен до МВР, освен делот за познавање само на албанскиот јазик. Категоријата граѓани кои биле во земјава по осамостојувањето ќе можат да добијат државјанство само со приложување на еден документ, било да е некаква потврда, свидетелство, фактура или документ за вработување.

„Тоа значи дека нема да треба ништо друго. Ќе докажат дека се дел од Северна Македонија и се стекнуваат со државјанство“, рече Елми Азири, пратеник на Алијанса за Албанците.

Договорот го потврди и премиерот кој очекува дека по усвојувањето на законот, албанската опозиција ќе ги деблокира другите закони во Собранието.

Предлог-законот ќе биде доставен во Собранието следната недела, а понатамошниот процес ќе зависи од спикерот Талат Џафери. Албанската опозиција верува дека законот брзо ќе се најде пред пратениците и ќе ја добие поддршката од сите.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button