ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција против формирање на работна група за државјанствата

Албанската опозиција оценува дека ДУИ и СДСМ се на иста линија против нацрт-законот за државјанство. Алијансата за Албанците и Алтернатива бараат двата владини партнери да ги кажат своите позиции за време на разгледувањето на законот во Собранието, а не да формираат некакви работни групи.

„Само по себе е катастрофа и е неприфатливо и неподносливо вицепремиер да изјавува дека опозицијата не смее да предлага закон доколку нема мнозинство. Според сите демократски параметри, треба да се види квалитетот и содржината на законот, а не кој го предлага. На овој начин тие докажуваат дека се на иста линија и на штета на граѓаните“, вели Скендер Реџепи, пратеник на АА.

Министерот за внатрешни работи пак, останува на ставот дека опозицијата не знае што сака.

Вицепремиерот Артан Груби најави дека ќе се формира работна група меѓу Министерството за правда, полицијата и Управата за матични книги каде ќе се пријавуваат граѓани кои немаат државјанство за на тој начин да се решаваат проблемите. Груби тврди дека опозицијата предложила закон без при тоа да обезбеди гласови за него. Сепак, тој вели дека ДУИ го поддржува предлогот.

„И покрај фактот што сметам дека немаат капацитет да гради политики и да ги спроведуваат, бидејќи може да се види дека не успеваат да обезбедат повеќе од 20 гласови во Собранието за да донесе ваков закон. Можеби требаше да поработат на усогласување на законот со другите партии пред да излезат со нивните медиумски потреби за ваков закон за да се осигурат дека ќе помине нивната политика“, рече Груби.

И покрај негативното мислење на МВР за предлог-законот на албанската опозиција, Собранието сè уште не ја закажало седницата за него, а Владата најави свој предлог-закон.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button