ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција против поскапата струја, бара субвенции

Опозициските партии од албанскиот политички блок се кренаа против одликата за зголемување на цената на електричната енергија. Од Алијанската за Албанците велат дека граѓаните со право се загрижени за поскапувањето на енергијата. Одлуката за раст на цената на струјата е неправедна бидејќи граѓаните немаат доволно економски услови за да се соочат со нов ценовен шок, додаваат од партијата. arab casino

„При секое поскапување на струјата за бизнисот се зголемуваат и производствените трошоци, па ќе има и зголемен трошок. Доколку дојде до зголемување на трошоците, овие трошоци ќе одат на сметка на потрошувачот. كيفية ربح المال من الالعاب Така што потрошувачот ќе плати повеќе за истиот производ или услуга“, рече Елми Азири, Алијанса за Албанците. موقع 888

Од Беса пак, апелираат Владата посериозно да се фокусира на ранливите категории на граѓани.

„Бараме субвенцијата да биде долгорочна и вредноста на субвенцијата да не биде симболична, туку барем да покрива дел од сметката, за да можат граѓаните да имаат можност да ги платат своите обврски кон сите институции“, рече Фадил Зендели, Беса.

Реакции за поскапувањето на струјата има и ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинија дека власта лаже оти поскапувањето ќе биде 7,4 отсто. Нивните проценки се дека во зимските месеци сметките за струја ќе бидат повисоки за над 40 отсто од сегашните. Од власта пак, уверуваат дека да не била државната интервенција преку ЕСМ и цената која ја понудија на тендерот на ЕВН од 48 евра за мегават час, тогаш граѓаните ќе имале зголемени трошоци за електрична енергија од 80 насто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button