ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанската опозиција проценува дека протестот од претходниот ден за случајот „Монструм“ ескалирал поради провокациите од полицијата

Алијансата за Албанците и Алтернатива, ја обвинуваат Владата за предизвикување на насилството на протестот кој се одржа вчера за случајот Монструм. Според нив, полицијата со прекршување на законот го ограничила правото на протест, и поради оваа причина министерот и заменик министерот за внатрешни работи треба итно да си дадат оставка.

„Полицијата беше таа што го фрлаше каменот и ја криеше раката, со цел да ја провоцира толпата, што се гледа на снимките по медиумите, и ова зборува за сценарио подготвено од режимот Заев-Ахмети. Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива бараат ослободување на уапсените и итна оставка на министерот и заменик министерот за внатрешни”.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството, но додава дека виновен за ова е премиерот Заев, кој манипулирал со чувствата на граѓаните.

Од СДСМ велат дека не го оправдуваат насилството од ниту една партија што доаѓа, и бараат целосно расчистување на инцидентите .

Од ДУИ велат дека на граѓаните не треба да им се забранува правото на протест, но истовремено велат дека протестите мора да бидат мирни.

“… Правото на граѓаните да се собираат треба да продолжи без да биде попречено, но треба да се почитува внатрешниот поредок и, се разбира, органите треба да ги спроведат процедурите за контролирање и спроведување на протестот”.

Полицијата објави дека во врска со протестот од вечра, уапсени се 8 лица против кои ќе бидат поднесени кривични пријави за „учество во толпа кои извршиле кривично дело“, притоа додавајќи дека работат на откривањеи  на други лица кои учествувале во протестот. Повредени се 11 полицајци, кај кои биле констатирани лесни телесни повреди. Полицијата не им дозволи на демонстрантите да маршираат кон Владата иако тие официјално го најавиле тоа. На некои снимки се гледа како полицајци фрлаат камења кон демонстрантите, додека во првите редови на полицискиот кордон имаше полицајци со калашникови, што е спротивно на Законот за полиција и одредбите за употреба на средства за насилство во ситуации на неутрализација на толпата.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button