ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Aлбански јазик, занемарлив на веб-страницата на Уставниот суд

Новинар: Фатлуме Дервиши

Уставниот суд на својата веб-страница воопшто ја нема опцијата на албански јазик, туку само македонски и англиски јазик. Сите материјали, вклучително и судските одлуки, се на македонски и англиски јазик, но не и на албански јазик.

Алсат упати прашања до Уставниот суд за употребата на албанскиот јазик. Од оваа институција ни рекоа дека во јули се сменети таблите и печатите согласно законот за употреба на јазиците. А за следната година бараат да се отвори едно работно место за преведувач.

“Во однос на преводот на материјали на албански јазик, ве известуваме дека во моментов немаме лице кое би ја работело оваа работа за што во актот за систематизација на работните места е предвидено посебно работно место. Уставниот суд во своето барање за следната година побара да се обезбедат средства за вработување на преведувач на албански јазик. Доколку се одобрат средствата, ќе се спроведе постапка за вработување и ќе се пополни ова работно место“, велаат од Уставен суд,

Неспроведувањето на албанскиот во Уставниот суд и во сите други институции досега немаше кој да го санкционира. Од инспекторатот за спроведување на јазикот, кој наскоро ќе почне со теренска контрола, велат дека нема да поштедат ниту една институција.

“Сите институции треба да го почитуваат законот и да работат според законот. Ние како инспекторат за употреба на јазиците ќе ја вршиме нашата работа врз основа на нашите надлежности кои се дефинирани со закон и ќе преземеме активности врз основа на законот и надлежностите што ги имаме. Казните според законот за употреба на јазиците се од 4 илјади до 5 илјади евра, а 30% од износот се адресира на раководителот на институцијата”, вели Фатмир Исени, директор на Инспекторат за спроведување на јазиците

Уставниот суд не е сам. Директорот на инспекторатот Исени вели дека врз основа на нивните анализи има напредок во спроведувањето на законот за употреба на јазиците во текот на ова година, но се уште има институции кои не го почитуваат законот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button