ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанскиот јазик никако да почне соодветно да се применува во судството

Додека Законот за јазиците во многу институции во земјава се спроведува по своја волја, а не како што е предвидено со законските прописи, неговата примена во правосудниот систем е целосно заборавена. Венецијанската комисија во декември 2019 година испрати одговор со препорака дека употребата на двојазичноста во судството ќе го забави процесот. Коалиционите партнери се согласија дека законот не треба да се менува и ветија дека за 5 месеци ќе ги подготват капацитетите за негово спроведување во правосудството.

„До април имаме уште 5 месеци доволно време што не обврзува никакво влијание на законот врз судството и предметите. Има доволно време да се дизајнираат вистинските капацитети.”

По ваквата најава дека остануваат уште пет месеци, помина повеќе од една година. Законот за јазици во судството не се спроведува, а подготовките за градење капацитети не се ни започнати. Побаравме одговор што е направено во однос на оваа проблематика, но од Владата денеска не добивме одговор.

Evi Shkopi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button