РЕГИОН

Албанскиот премиер Еди Рама ги претстави членовите на новата влада, 13 министерства ќе бидат управувани од жени, а три од мажи

на Албанија, Еди Рама, денеска го претстави составот на новата влада на состанокот на Националното собрание на Социјалистичката партија. Во новиот кабинет, 12 министерства ќе бидат предводени од жени, а само три ќе бидат управувани од мажи. Негова десна рака ќе биде Арбен Ахметај, кој ќе го замени Ерион Браче на местото вицепремиер. На чело на министерствата за одбрана, внатрешни работи и правда се Нико Пелеши, Бледи Чучи и Улси Мања. Владата ќе има четворица државни министри и сите се жени. Претседателката на Собранието исто така ќе биде жена. Линдита Никола ќе го замени Грамоз Ручи.

Потсетувајќи на победата на последните избори, кои ги опиша како најтешките во последните три циклуси, премиерот Рама побара работа и одговорност од секој член на владата и на Собранието.

„Ова е и нашата најтешка победа што треба да ја заслужиме. Во политиката победите се заслужуваат само откако ќе се постигнат. Победите на избори се можност да се водат постојани битки за враќање кон електоратот со работа и убедливи резултати, висока заслуга за застапување што им ја даваат на победниците со својот глас“.

По објавувањето на новата влада од страна на Рама, лидерот на Демократската партија, Лулзим Баша, реагираше нарекувајќи го Рама уништувач на демократскиот соживот, автор на заробување и криминализација на државата, осиромашување и депопулација на Албанија. „Фактот дека 25 април немаше никаква врска со демократијата го потврдува ОБСЕ / ОДИХР, со масовно купување гласови, притисок врз гласачите, притисок врз администрацијата“, се вели меѓу другото во реакцијата на Баша.

Новата влада се очекува да биде изгласана на 10 септември. На изборите одржани на 25 април, Социјалистичката партија освои 74 места, Демократската партија освои 59 места, додека Социјалистичкото движење успеа да добие само четири места од 19 што ги имаше на претходните избори, одржани во 2017 година.

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button