МАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Албанскиот премиер Рама за името на државата до Олаф Шолц: Идната „западна Бугарија“

Со (не)дипломатска и недуховита шега која во Македонија не може да предизвика насмевки туку чувство на навреда, албанскиот премиер Еди Рама се вмеша во ракувањето на германскиот канцелар Олаф Шолц со премиерот Димитар Ковачевски на самитот на ЈИЕ во Солун вчера.

За да ја долови тешката состојба со бугарското вето, кое покрај Македонија закочена ја држи и Албанија на европскиот пат, Рама  често се „истрчува“ со лош хумор.

Додека домаќинот-грчкиот премиер Мицотакис на Шолц му ги претставуваше албанскиот премиер и Димитар Ковачевски како премиер на Северна Македонија, Рама се приклучи на разговорот со забаелешка, „идната, идна западна Бугарија“ по што сите се насмеаја дипломатски за да не пропадне несоодветната шега на албанскиот премиер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button