РЕГИОН

Албанските власти денеска го уапсија градоначалникот на Тирана

Албанските власти денеска го уапсија градоначалникот на Тирана

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција попладнево уапсен е градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.
Велиај (46), кој на чело на Тирана трет мандат, се товари за „пасивна корупција на високи државни функционери или локални избраници; активна корупција на високи државни функционери или локални избраници, перење пари од криминал или криминална активност и одбивање на пријавување, непријавување, прикривање или лажно пријавување имот, приватни интереси на избрани лица и јавни функционери или на кое било друго лице кое има законска обврска да се изјасни“.

Advertisements

Во меѓувреме, судот нареди сопругата на Велиај, Ајола Ѕоѕа, да биде задржана во домашен притвор под сомнение за „пасивна корупција“ во 9 случаи меѓу кои перење пари и непријавување имот. Во досието стои дека Ајола Ѕоѕа во рок од 4 години купила непријавена облека и накит во износ од околу 850 илјади евра.

СПАК соопшти дека истрагите утврдиле дека Велиај и неговата сопруга „осмислиле, креирале и ставиле во функција механизам кој имал за цел и овозможил, во пракса, примање на нерегуларни бенефиции, кои произлегуваат од јавните средства администрирани од Општина Тирана, преку градоначалник, со цел лично збогатување на истиот и неговото семејство, преку прикриени и незаконски дејствија“.

Специјалното јавно обвинителство стави под истрага пратеничка на албанскиот парламент во врска со истрагите што ги води против градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај. Во официјалното соопштение каде што СПАК ги објавува обвиненијата против Ерион Велиај, неговата сопруга и уште 6 лица, меѓу другото, се вели дека се прават прелиминарни истраги против пратеничката К.Б., за дејствијата што го спречуваат откривањето на вистината. Исто така, СПАК објави дека на шест други лица им е изречена мерка „обврска да се појават кај судската полиција“.

Премиерот Рама требало да се сретне со претставници на неговата Социјалистичка партија и градоначалници на работен ручек во Скадар денес, а потоа и со претставници на локалниот огранок на социјалистите. Неколку минути по апсењето на градоначалникот на Тирана Рама ги откажал сите состаноци и се вратил во Тирана. Апсењето на Велиај, исто така, предизвика судир во Собранието. Лидерот на демократите Сали Бериша, рече дека со ова се урива пирамидата на криминалот благодарение на опозицијата.

Ерион Велиај, инаку е познат како човек близок до лидерот на ДУИ Али Ахмети и високи функционери на овој политички субјект. За време на изборната кампања во Македонија, Велиај му го даде клучот наТирана на Али Ахмети. Покрај Ахмети, Велиај беше близок и со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој е на црната листа на САД за корупција и избега од Македонија по обвинувањата за злоупотреби во Државната лотарија./Алсат.mк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button