КОШАРКАСПОРТ

Александар Јончевски, е новиот тренер на Кожув?!

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, ќе биде назначен за нов тренер на гевгелиски Кожув и во иднина ќе ја води екипата.

Јончевски си замина од Косово каде имаше интернационална авантура во редовите на Трепча, па не чекаше долго да добие нов ангажман. Тренерското место на Кожув беше испразнето некое време поради заминувањето на Игор Михајловски.

За Јончевски ова ќе биде кам-бек во Кожув, затоа што ја водеше екипата од 2018 до 2021 година. Потоа работеше во Гостивар, беше дел и од Спартак Суботица и МЗТ Скопје.

Екипата на Кожув во новата сезона по 12 одиграни кола има скор 4-8, поради кој се наоѓа на осмото место на табелата. Желбата е битка за пласман во разигрувањето за титула, односно меѓу шесте најдобри на табелата./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button