ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса – Алтернатива: Електраната во Осломеј токсична за жителите на кичевско

Алијанса за Алабнците и Алтернатива ја обвинуваат владата дека поради небрежност на институциите преку електраната во Осломеј се трујат жителите на Кичево и околината. Алијансата за Албанците смета дека кичевчани денес се наоѓаат во ситуација кога им се загрозени и основните услови за живот.

„Целиот свет ја испраќа пандемијата, а Кичево, како и во минатото, но и дене,  секој ден е под ризик од можноста за нови смртоносни епидемии од погрешните политики на ДУИ, која еднаш е на власт со ВМРО, еднаш со СДСМ. Електраната во Осломеј продолжува да ги труе жителите на Кичево, поради небрежност на институциите кои сè уште не ни помислуваат да постават филтри. Покрај тоа, просторот во околината на електраната често се претвора во дива депонија која го труе целиот регион и станува жариште на разни опасности по здравјето на жителите на Кичево“, рече Абдула Сејдини, Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button