ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса-Алтернатива ги подготвува амандманите за промени првата верзија на текстот на Законот за државјанство

Текстот на Законот за државјанство предложен од Алијанса за Албанците и Алтернатива е пред старт на  собраниската процедура. Алијанса за Албанците и Алтернатива работат на амандманите со кои ќе се промени верзијата на првиот текст. Амандманите ќе бидат подготвени во согласност со постигнатиот договор меѓу Владата и опозицијата. Нема да има целосно нов текст, за да не се одложи постапката. Амандманите ќе бидат разгледани во Комисијата за одбрана и безбедност, како матична комисија на овој предлог.

Во меѓувреме, другите парламентарни партии сѐ уште не се известени за промените договорени од СДСМ и Алијанса- Алтернатива. Најголемата опозициска партија го чека официјалниот текст на законот за потоа да го каже својот став за можните разлики. Во меѓувреме, од ДУИ кратко велат дека ќе го поддржат законското решение.

Левица претходно предупреди дека не се согласува со олеснување на постапките за државјанство. Досега не се најавени обиди со кои би се блокирал законот во собраниската постапка, иако се предвидува да биде усвоен со брза постапка.

Според предлогот на Алијанса за Албанците и Алтернатива граѓаните кои немаат државјанство ќе можат да добијат статус државјанин преку две форми: како родени во Северна Македонија и со натурализација. Одредбите на законот предвидуваат и олеснување на започнување на постапката за државјанство преку документ како што се извод, сметка, документ од вработување или лекарски преглед.

Минатата недела, АА-Алтернатива и СДСМ објавија дека постигнале договор за текстот на законот. Алијанса и Алтернатива чекаат навремено одобрување на законот додека СДСМ очекува дека по одобрувањето ќе се деблокира работата на Собранието.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button