ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса ѝ го зема колачот на Алтернатива

Начелниот договор меѓу работните групи на СДСМ и Алијанса за Албанците ѝ е предаден на Алтернатива на средба со премиерот Ковачевски, за да се види дали партијата на Африм Гаши и по новата поделба на ресорите и одземањето на одредени позиции ќе се помири да остане во Владата. Од Алтернатива сепак нема веднаш да пресечат сè додека договорот не биде објавен во јавноста.

„Подготвени сме за сите предизвици. Ваквиот развој на настаните е очекувано сценарио за нас. Партиските органи ќе заземат конечен став по официјализирањето на новата коалиција“, велат од Алтернатива.

Преговорите ќе завршат кога Алтернатива ќе го каже последниот збор. Неофицијални извори велат дека доколку Гаши не се согласи да остане во власта со новата поделба на ресорите, СДСМ и Алијанса ќе се вратат на преговори за финализирање на договор, но без кадрите на Алтернатива во Владата.

Неофицијално, како што претходно информираше Алсат, преговорите се водеа главно за министерствата за правда и здравство. Дополнително, се бара и функцијата вицепремиер, онаа што моментално ја извршува Фатмир Битиќи или нов вицепремиер за странски инвестиции и дијаспора. Евентуално, ако Алтернатива се откаже од власта, Алијанса ќе го побара Министерството за екологија или за информатичко општество и администрација.

Според прелиминарниот договор во преговорите, Алијанса доби двајца заменици-министри и некои од најважните дирекции кои моментално делумно се во рацете на Алтернатива.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button