ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Алијанса и БЕСА го договараат вториот круг, Алтернатива „се мурти“

Движењето БЕСА и Алијанса за Албанците го поставија прашањето за Тетово на ниво на секретари, односно за меѓусебна поддршка на Биљал Касами во Тетово и Арбен Таравари во Гостивар. Секретарот на АА, Арбен Таравари се сретна со секретарот на ААА Арјанит Хоџа, за да разговараат за давање поддршка или не на Касами во Тетово, кој во вториот круг се трка со Теута Арифи од ДУИ. Двајцата експоненти по средбата не соопштија детали за тоа кој беше епилогот, и кои ќе бидат понатамошните чекори. Таравари рече дека во принцип треба да се поддржи секој кандидат за градоначалник кој не еод ДУИ.

 “Анализиравме некои резултати од изборите. Нема нешто друго. Едноставно едно кафе заедно. Оставивме тој да разговара со раководството на неговата партија, а ние со нашето. Бидејќи ние имаме и коалиционен партнер, со кој мора да седнеме и да ги координираме ставовите. Значи за 2-3 дена мислам дека ќе имаме партиски ставови, кои ќе се донесат од партиските органи. Наш политички противник ни е ДУИ, и секој кандидат кој не е од ДУИ, мислам како албанска опозиција треба да го поддржиме тој кандидат вклучувајќи ги сите општини без исклучок. ”- Арбен таравари, Алијанса за Албанците

Претходно Хоџа од БЕСА нагласи дека во Тетово очекува поддршка од СДСМ, бидејќи изборот на Касами за градоначалник ќе му даде на СДСМ уште еден пратеник во Собранието, откако тој ќе се повлече од функцијата пратеник.

Во меѓувреме, од Алтернатива избраа да молчат. Синоќа, во порака од портпаролот на партијата, Орхан Муртезани, беше јасно кажано дека Алтернатива не го поддржува Касами за градоначалник на Тетово. Реакцијата на Алтернатива дојде по изјавата на потпретседателот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, кој изјави дека поддршката за Касами во принцип е можна и оти за тоа треба да одлучат телата на партијата. Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денеска не одговори на повиците на Алсат за да ни го потврди или демантира последниот став. Неофицијално се дознава дека ставот на Алтернатива не потекнува од партиските тела и оти за одлука за Касами ќе се свика посебен состанок. Извори од Алтернатива велат дека партиските тела ќе се соберат за да ја испитаат и одговорноста на лидерот Гаши за изборниот резултат во првиот круг, кој беше далеку послаб од очекуваниот. Во меѓувреме во Кичево, независниот кандидат Фатмир Лимани свика состанок на кој ќе се утврди дали да се поддржи или не кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари. Тој во вториот круг ќе се соочи со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button