МАКЕДОНИЈА

Алијанса посочува на проблеми во системот за попис на дијаспората

Од Алијанса за Албанците велат дека внимателно го следат процесот на попис на дијаспората и дека се информирани од тамошните граѓани за аномалии и пречки што се појавуваат при пописот. Од Алијанса велат дека Заводот за статистика сè уште не појаснил кога може да се решат проблемите.

Тие посочуваат дека проблемот се јавува на електронските адреси каде апликантите треба да чекаат од 5 до 10 часа за да го добијат специјалниот код за попис, а се случува воопшто да не го добијат и тоа е причината што многу граѓани, по неколку обиди, се откажуваат од пописот. Од Алијанса исто така велат дека има и случаи кога етничката припадност и религијата се мешаат.

„Уште повознемирувачки е фактот дека на пример кога избираат етничка припадност Албанец, во случај апликантот да направи чекор назад за да ги пополни другите полиња, нивната етничка припадност автоматски се менува! Недостатоците се многубројни, во многу случаи системот за апликации целосно е блокиран без никакво оправдување и тоа исто така влијае на демотивација на апликантите да се попишуваат. Бараме од Заводот за статистика итно да ги преземе сите неопходни мерки за да ги отстрани сите проблеми на системот, за техничките проблеми да не бидат причина за евентуален неуспех на пописот“, вели Бујаре Абази, потпретседател на Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button