ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Алијанса за Албанците/Алтернатива поднесоа 130 амандмани на буџетот

Нови градинки, достапност на вода за сите, канализација и подобрување на капцитетите на здравствениот систем, се само дел од амандманите поднесени од коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива по предлог буџетот за следната година. Сите поднесени предлози ќе придонесат за подобар животен стандард на граѓаните.

„Ако ја гледаме структурата на буџетот ќе видеме дека транферите за локалните самоуправи се намалени. Нашите предлози се во сите сегменити во животот, особено сме фокусирани на капиталните проекти.Почнувајќи од вода за пиење, канализациии, продолжувајќи со инфарструктурни проекти, потребата за асфалтирање на улици,градинки спортски центи бидејќи има места каде може да се изградат што ќе влијае на социјалниот живот на граѓаните“, рече Елми Азири- пратеник Алијанса за Албанците.

И опозициската ВМРО- ДПМНЕ има понесено 390 амандамни кои се со најголем акцент на здраствената криза. Бесплатни ПЦР тестови за сите граѓани, дополнителни мерки за здраствените работници, но и градежни зафати за реконстукција и изградба на нови инфективни одделенија се дел од понесените амандмани на ВМРО- ДПМНЕ. Денеска пратениците на вториот ден од комисиската расправа меѓусебно се убедуваа дали буџетот за следната година ќе биде развоен или не.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button